ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА ТИЕНС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ СКОПЈЕ
,,ТИЕНС МАКЕДОНИЈА” ДООЕЛ СКОПЈЕ (“Ние”) преземаме одговорност за заштита и чување на вашите лични податоци. Политиката за Заштита на личните податоци, заедно со Условите за користење, објавени на нашата веб-страница, Општите услови и сите други релевантни документи дефинираат услови, врз основа на кои, личните податоци кои ги собираме од Вас или за Вас, или кои Вие ни ги давате, ќе бидат обработени. Ве молиме прочитајте го овој документ внимателно за да ги разберете нашите практики во врска со вашите лични податоци и нивната обработка. Давајќи ги Вашите лични податоци во Барањето за регистрација, без разлика дали по електронски пат на www.tiens.mk или на хартија, вие се согласувате и со практиките опишани во оваа Политика за заштита на личните податоци. За потребите на Законот за заштита на личните податоци, администраторот за лични податоци е ТИЕНС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ СКОПЈЕ, адреса Скопје 1000, ул. ,, Христо Смирненски ” бр.26, Ние ги обработуваме личните податоци во согласност со законот, целта на обработка на вашите лични податоци е да се организираат и да се обезбеди исполнување на нашите обврски и заштита на нашите права во врска со вашата регистрација. Обработката на личните податоци од нас се врши според правилата опишани подолу. 1. Информација, што може да ја собираме Ние можеме да ги собираме и обработуваме следните податоци за Вас: При регистрација, кога купувате наши производи, кога ќе не контактирате со нас, задавајќи ни прашања или кога ќе ја посетите нашата веб-страница заради различни цели, ТИЕНС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ СКОПЈЕ ги собира следните информации од вас: • име • датум на раѓање • адреса • и-маил адреса • домашен телефонски број и мобилен телефонски број • уникатен ID • ЕМБГ • даночен број • податоци за банкарска сметка • име и презиме на Вашиот законски старател, ако сте малолетно лице • и број на пасош (за консултанти, кои учествуваат на меѓународни конференции) Се надеваме дека ќе ни ги дадете овие информации. Меѓутоа, ако не сакате да ги оставите вашите лични податоци за идентификација, ве молиме да не ги доставувате. Ве молиме да имате предвид дека ако не ни дадете такви информации, во некои случаи нема да можеме да ви ја обезбедиме услугата што ја барате. 1.2 Информациите што ги собираме за вас. Ја чуваме историјата на вашите купувања, вашите нивоа во структурата на нашата консултантска мрежа, вашата презентација, новите лица спонзорирани од вас итн. Во однос на вашите посети на нашата веб-страница, ние автоматски можеме да ги собереме следниве информации: • технички информации, вклучувајќи и Интернет Протокол (IP) адреса се користи за поврзување на вашиот компјутер со Интернет, Вашата воведна информација, вид и верзија на пребарувач, временска зона, видови и верзии за вклучување на пребарувач, оперативни систем и платформа; • информации за вашата посета, вклучувајќи ги и сите URL пребарувања (Universal Directory directories) преку и од нашата веб-страница (вклучувајќи датум и време); производите што ги гледате или барате; време за реакција на страница, грешки при превземање, времетраење на посети на одредени страници, информациска интеракција на страница (како преглед, кликнувања, задржување на курсорот) и користени методи за далечински преглед на страница и секој телефонски број, користен за да се не контактирате нашиот телефонски број за услуги на клиентите. 1.3 Информации што ги добиваме од други извори. Ние можеме да добиеме информации за вас од други извори. Ние може да добиеме информации за вас ако користите други веб-страници со кои работиме или други услуги што ги нудиме. Ние исто така работиме во тесна соработка со трети лица (вклучувајќи, на пример, бизнис партнери, кооперанти во областа на услугите поврзани со техниката, исплата и снабдување, рекламирани мрежи, даватели на анализи, добавувачи за наоѓање на информации, агенции за кредитни информации) и добиваме информации за вас од нив. 2. Користење на информацијата Ние ја користиме информацијата, што ја имаме за Вас, на следните начини: • да ги извршуваме нашите обврски кои произлегуваат од договорите склучени меѓу вас и нас и да ви ги обезбедиме информациите, производите и услугите што сте ги побарале да ги добиете од нас, вклучувајќи го и решавањето на споровите, наплатата на даноците, отстранувањето на неправилности. • да Ви даваме информација за други производи и услуги, които ги предлагаме и кои се слични на
оние, кои веќе сте ги купиле или за кои сте не прашувале • да Ви обезбедиме права и бенефиции, и други услови, които са применуваат согласно склучениот договор меѓу Вас и нас • да ги почитуваме другите правни акти , што важат за нашата соработка, како на пример даночни закони, законите за социјално осигурување, статистички обврски, т.н. • да ги контролираме и обезбедуваме почитување од Вас на нашите правила и политики • да ви даваме или да решаваме одбрани трети лица да Ви доставиуваат информации за производи и услуги кои претпоставуваме дека може да ве интересираат. Ние ќе се поврзуваме со Вас преку електронски средства (e-mail или SMS) само со информации за производи и услуги, кои се слични на оние кои биле предмет на претходна продажба или на преговори за продажба кон Вас. Ќе работиме на овој начин само ако Вие сте се согласиле со тоа. Ако се премислите и не сакате да користиме Ваши лични податоци на овој начин, или не сакате вашите податоци да преминуваат кон трети лица за маркетиншки цели, ве молиме: изберете релевантната ознака во вашиот профил или со контактирање на “Сервисот” преку испраќање на е-маил до contact@tiens.mk • за да ве известуваме за промените во нашите услуги; • да обезбедиме, дека содржината на нашата веб-страница е презентирана на најефективниот начин за Вас и за Вашиот компјутер • да обезбедиме ефикасно управување со мрежата на нашите консултанти од нас самите, но и од други членови на нашата мрежа од консултанти (главно вашиот спонзор) • да ја администрираме нашата веб-страница и нашите внатрешни операции, вклучувајќи решавање проблеми, анализа на податоци, тестирање, истражување, статистички цели и истражувања • да ја подобриме нашиата веб-страница, така што ќе осигуруваме давање на содржината по најефикасниот начин за Вас и за Вашиот компјутер • да ви дозволиме да ги користите интерактивните можности на нашата услуга, кога Вие сте одбрале да го правите • да ја заштитиме безбедноста на нашата страница • да ја оцениме или да ја утврдиме ефикасноста на рекламата, која ја нудиме за Вас и другите, и да воведиме соодветна реклама, вклучувајќи гио задоволството на корисникот и на слични студии • да даваме предлози и препораки до вас и други корисници на нашата веб-страница во врска со производи или услуги што може да бидат интересни за вас или за нив • да одговориме на барања и законски барања од регулаторни или други органи. 3. Објавување на вашите информации 3.1 Ние не ги продаваме, не ги изнајмуваме или тргуваме со вашите лични податоци. 3.2 Ние можеме да дозволиме пристап до вашите лични податоци и да дозволиме нивна обработка од страна на компании кои се членови на нашата група (главно холдинг-компанија и нејзини подружници) за да ни помогнат во извршувањето на активностите опишани во точка 2 ( Користење на информации). 3.3 Ние можеме да даваме пристап до вашите информации и да дозволиме нивна обработка според строго дефинирана тема и цел на избрани трети страни како што се: • деловни партнери: добавувачи и подизведувачи за извршување на секој договор склучен со нив или со вас. Ова ги вклучува: превозници, кредитни агенции, даватели на услуги за факторинг, даватели на логистички услуги (како што се производство и пакување), услуги за помош на потрошувачите, итн. • други членови на нашата мрежа на консултанти (главно вашиот спонзор во нашата мрежа и консултантите кои се едно ниво под вас) со цел ефикасно да управуваме со нашата мрежа на консултанти. Ако не сакате да ги пренесеме вашите податоци на други мрежни консултанти за горенаведените цели, ве молиме контактирајте го Сервисот за корисници со испраќање на е-пошта до contact@tiens.mk или на телефон +389 2 3231 100. • Рекламодаватели и рекламни мрежи кои бараат податоци за да ги изберат и да ги стават соодветните реклами за вас и за другите. Ние не откриваме информации за физичките лица, со која информации последните можат да бидат идентификувани, на нашите рекламодаватели, но ние можеме да им обезбедиме општи информации за нашите корисници (на пример, можеме да ги информираме дека 500 мажи на возраст под 30 години, им била покажана нивната реклама на одреден ден). Ние можеме да користиме таквите општи информации за да им помогнеме на рекламодавателите да стигнат до типот на публика за која се насочени. (На пример, новоинтегрирани консултанти од одредена област). • Добавувачи на анализа и пребарувачи кои не придонесуваат за подобрување и оптимизација на нашата веб-страница. • Агенции за кредитни информации со цел оценување на вашиот кредитен рејтинг, кога тоа е наш услов за да склучиме договор со Вас. • Добавувачи на технички решенија дозволувајќи ни да Ви испраќаме нашит пораки (вклучувајќи маркетинг пораки или студии за задоволството на корисниците, кога сте се согласиле да добивате вакви информации) на пример, добавувачи на колективни е-маил пораки, добавувачи на колективни смс пораки. Ако не сакате да предаваме Ваши лични информации на горенаведените трети лица за горните
цели, ве молиме контактирајте со одделот “Сервис” со испраќање на е-маил до [contact@tiens.mk] или со повик на следниов телефон +389 2 3231 100. Ние исто така можеме да даваме Ваши лични информации на трети лица: · Доколку, продаваме, купуваме или по друг начин пренесуваме некоја дејност или активи, во кој случај можеме да ги откриеме Вашите лични податоци на иден продавач, купувач или стекнувач на таква дејност или активи. · Ако нашата компанија или сите нејзини средства се стекнати од трето лице, во тој случај личните податоци што ги чува нашата компанија за своите корисници ќе бидат едно од пренесените средства. ·Доколку од нас се бара да ги откриеме или да ги споделиме вашите лични податоци со цел да се придржуваме кон било каква законска обврска или да ги спроведуваме или применуваме нашите политики и / или услови за користење и / или други важечки договори; или да ги заштитиме нашите права, имотот или безбедноста на нашите корисници, или други. Ова вклучува размена на информации со други компании и организации со цел заштита од измами и ублажување на кредитните ризици. 4. Како и Каде ги чуваме Вашите лични податоци? Сите информации што ни ги доставувате и кои ги собираме за вас се чуваат на безбедни сервери. Сите трансакции направени преку онлајн плаќања ќе бидат шифрирани со употреба на SSL технологијата и обработени од трети лица – добавувачи. Ние не собираме или не чуваме информации за кредитни и дебитни картички за онлајн трансакции. Податоците кои ги собираме за Вас, може да се пренесат и да се чуваат во, дестинација во или надвор од Европската економска област ( “ЕЕО”) во согласност со локалните закони за заштита на личните податоци. Овие податоци можат да се обработуваат од вработени кои работат надвор од ЕЕО, во согласност со локалните закони за заштита на личните податоци чиишто вработени работат за нас или за некои од нашите добавувачи. Таквите службеници можат да бидат ангажирани, меѓу другите активности, за имплементација на Вашата нарачка, за обработката на Вашите податоци за плаќање, за обработка на Вашите права на Вашиот План на Успех и за обезбедување на услуги за поддршка. Со испраќање на вашите лични податоци вие се согласувате на таков трансфер, складирање или обработка. Ние ќе ги преземеме сите чекори кои се разумно потребни за има сигурност дека Вашите податоците се третираат безбедно и во согласност со оваа Политика за заштита на личните податоци и согласно важечките закони. 5. Наша грижа Во случаите кога сме Ви дале (или кога Вие сте избрале) лозинка која Ви овозможува пристап до одредени делови на нашата веб-страница (во понатамошниот текст Ваш “Профил”), Вие сте одговорни да ја чувате оваа лозинка во тајност. Ве молиме да не ја споделувате вашата лозинка со никого. Ако сепак ја споделите лозинката со други луѓе, ќе бидете одговорни за сите активности преземени во име на вашата сметка. Ако ја изгубите контролата над Вашата лозинка, Вие може да ја изгубите вистинска контрола над вашите лични податоци и може да бидете предмет на законски обврзувачки дејства, преземени во Ваше име. Затоа, ако вашата лозинка е компромитирана поради некоја причина, треба веднаш да споделите со нас и да ја промените лозинката. Ние никогаш нема да ја побараме Вашата лозинка, освен за време на вашето влегување во вашиот профил. Нашите вработени подлежат на дополнителни барања во областа на заштитата на информациите. За жал, преносот на информации преку Интернет не е сосема безбеден. Иако ние се трудиме да ги заштитиме вашите лични податоци, не можеме да ја гарантираме безбедноста на вашите податоци пренесени преку нашата веб-страница; секој трансфер е на ваш сопствен ризик. Откако ќе ги добиеме вашите информации, ние ќе користиме строги безбедносни процедури и функции за да се обидеме да спречиме неовластен пристап. 6. Вашите права 6.1 Маркетинг информации. Имате право да побарате од нас да не ги обработуваме вашите лични податоци за маркетинг цели. Ние обично ќе ве информираме (пред собирањето на Вашите податоци), ако имаме намера да ги користиме Вашите податоци за такви цели, или ако имаме намера да откриеме Ваша информации на трето лице за такви цели. Вие можете да го искористите вашето право да спречите такво обработување преку одбележување на одредени полиња на барањата за регистрација кои ги користиме за да собираме Ваши податоци. Можете исто така да го искористи те своето право во секое време, така што ќе изберете соодветно поле во вашиот профил или контактирате со нашиот оддел “Сервис на корисници” со испраќање на е-маил до contact@tiens.mk или ако се јавите на телефон +389 2 3231 100. 6.2 Пристап до информации. Корекција и бришење. Имате право да пристапите до информациите што се однесуваат на вас, како и да побарате корекција или бришење. Можете да ги гледате, прегледате и менувате повеќето од вашите лични податоци со пријавување на вашиот акаунт / профил. Ние нема да ги менуваме рачно Вашите лични податоци, бидејќи проверката на нивниот идентитет од далечина може да биде тешко. Поради тоа, ќе биде ваша одговорноста да ги ажурирате навремено вашите лични податоци, доколку тие се менуваат или не се точни. На Ваше барање до одделот на ТИЕНС «Сервис», e-mail contact@tiens.mk , веб www.tiens.mk или на телефон +389 2 3231 100, ние ќе гo избришеме вашиот профил, веднаш штом тоа ќе биде можно, во согласност со важечкиот закон. Ние ќе ги задржиме личните податоци од избришаниот профил, за да го почитуваме важечкиот закон, за да спречиме измама, за да собереме такси кои се должат, за
решавање на спорови, за отстранување на проблеми, за да помогнеме на сите истраги, и за да преземеме други активности, овластени со закон. 7 Обезбедување за обработка на лични податоци – Вашите обврски Како член на нашата мрежа од консултанти, ние ви даваме за обработка лични податоци на други членови на нашата мрежа од консултанти врз основа на наведеното подолу. Ние ви даваме за обработка лични податоци согласно обемот и за целта утврдена во Општите услови, а Вие изјавувате дека ќе обработувате ги овие податоци за да се обезбеди почитување на условите утврдени во Законот, а особено почитувањето на правилата кои се однесуваат на обработка и заштита на дадените податоци. Единствената цел за обработка на вашите лични податоци е да се усогласат со Условите за користење. Вие сте должни: · да ги обработувате личните податоци што ги даваме само за целите опишани погоре, · да не преземате никакви дејствија со цел да личните податоци да станат достапни на начин што не е опишан тука, освен ако општите задолжителни одредби од законот не обезбедат поинаку, · веднаш да ги вратите личните податоци по раскинувањето на вашиот договор со нас (на пример, по вашата дерегистрација како наш консултант) и да ги отстраните тие податоци од сите електронски носители на податоци што сте ги снимиле за таа цел, опишани погоре. Ние го задржуваме правото да ги ревидираме вашите методи за заштита на личните податоци кои сте ги дале. Од вас се бара да ни дадете можност да се спроведе таква ревизија веднаш штом ќе бидете замолени да го сторите тоа. Изјавувате дека веднаш и точно ќе одговорите на секое прашање што го поставуваме за обработката на личните податоци дадени во оваа Политика на заштита на личните податоци и општи услови, особено оние што се однесуваат на заштитата на личните податоци што ги применувате. Ние ви даваме можност да обработувате лични податоци во опсегот и за целта утврдена во Општите услови, особено во ИТ системите и во форма на хартија, а исто така и да доставувате дополнителни ополномоштувања за обработка на податоците за лицата кои се ваши соработници на основа на граѓански договори, под услов дека ќе обезбедите преку договор овие лица да ги почитуваат сите барања во однос на обработката и заштитата на податоците, со кој сте обврзани, и под услов ние да ги прифатиме овие лица како ваши подизведувачи за обработка од податоците. Постигнат е договор меѓу нас и вас, дека ако датотеките кои содржат лични податоци, се испраќаат меѓу нас, овие датотеки ќе бидат обезбедени за време на предавањето им на јавната мрежа со криптографски средства за заштита на личните податоци. Ние го задржуваме правото да ја прекинеме регистрацијата како консултант ако користите лични податоци заради кршење на оваа Политика за заштита на личните податоци. Ние не сме одговорни за вашите обврски кон трети страни кои произлегуваат од обработката на лични податоци во спротивност со оваа Политика за заштита на личните податоци и условите за користење или од вашите обврски кон лицата што сте ги овластиле да обработуваат лични податоци. 8. Колачиња Нашата веб-страница користи cookies / колачиња (мали датотеки поставени на хард дисковите на корисниците на сајтот) за да се направи разлика со другите корисници на нашата веб-страница. Ова ни помага да ви обезбедиме добро искуство кога ја разгледувате нашата веб-страница и исто така ни овозможува да ја подобриме нашата веб/страница. Ние користиме колачиња за анализа на протокот на информации; да ги прилагодуваме услугите, содржината и рекламирањето; да се измери промотивната ефективност; и да се промовира довербата и безбедноста. Некои колачиња содржат лични информации – на пример, со кликнување на “Запомни ме” кога ќе се најавите, колачето ќе го зачува корисничкото име. Повеќето колачиња нема да собираат информации кои го идентификуваат корисникот, туку наместо тоа ќе соберат поопшти информации, како на пример начинот на кој корисниците ги стартуваат и ги користат системите или севкупната локација на корисникот. Ние нудиме одредени услуги кои се достапни само преку употреба на колачиња. Општо земено, колачињата извршуваат до четири различни функции: 8.1 Основни колачиња Некои колачиња се од суштинско значење за работата на системот. На пример, некои колачиња ни овозможуваат да ги идентификуваме регистрираните корисници и да обезбедиме да имаат пристап до целиот систем. Ако регистрираниот корисник одлучи да ги оневозможи овие колачиња, корисникот можеби нема да може да пристапи до целата содржина на системот. 8.2 Оперативни колачиња Други колачиња можат да се користат за да се анализира како корисниците користат системи и ги следат перформансите на системот. Ова ни овозможува да обезбедиме висококвалитетно искуство со прилагодување на понудата и брзо идентифицирање и коригирање на проблемите што произлегуваат. На пример, оперативните колачиња можат да се користат за да се следат кои страници се најпопуларни и да утврдат зошто некои страници добиваат пораки за грешки. Овие колачиња, исто така, може да се користат за означување на производи или услуги на страницата што ќе бидат од интерес за корисниците врз основа на нивната употреба од страна на системот. 8.3 Функционални колачиња
Функционалните колачиња се користат, за да се запомнат некои преферирања на корисниците. 8.4 Колачиња за насочени реклами Ние можеме да користиме колачиња за да им обезбедиме на корисниците реклами кои се релевантни за нив и нивните интереси. ТИЕНС може исто така да користи колачиња од трети лица во поглед на истражување на пазарот, следење на приходите, подобрена функционалност на веб-страната и следење на усогласеноста, како и политиката за авторски права. Корисниците секогаш можат слободно да се откажат од колачиња ако нивниот прелистувач го дозволува ова, иако ова може да се меша со употребата на некои од ТИЕНС системите. 9 Промени во Политиката за Заштита на Личните Податоци Сите промени што можеме да ги направиме во иднина во нашата Политика за заштита на личните податоци ќе бидат објавени на нашата веб страница и, секогаш кога е можно, ќе бидете известени по е-пошта или на друг начин. Промените ќе бидат достапни во нашите канцеларии. Тие ќе бидат ефективни од денот на објавувањето. Употребата на страницата по објавувањето на изменетата Политика за заштита на податоците или доставувањето до нас на налогот ќе се смета за прифаќање на таквите промени. 10 Контакти и жалби Прашањата, коментарите и барањата во врска со оваа Политика за заштита на податоци се добредојдени и треба да бидат адресирани до нашиот оддел за услуги на клиентите преку е-маил contact@tiens.mk телефон +359 2 3231 100.