Во текот на својот живот една просечна жена може да искористи до 15.000 хигиенски влошки. Истражувањато на Светската здравствена организација (СЗО) покажа дека 80% од жените ширум светот страдаат од разни гинеколошки проблеми, а дури 63% од нив се предизвикани од користење на несоодветни влошки. AiRiZ хигиенските влошки се се одговор на потребите на жените за време на најсензитивните менструални денови од месецот како и за останатите денови за секојдневната грижа и хигиена на интимното здравје.
Преку AiRiZ хигиенските влошки Тиенс воведе иновативно решение за женската интимна хигиена, обезбедувајќи долготрајна свежина и целосна заштита. За нивниот развој е користена патентирана двојна лепенка која содржи активен кислород анјони во најголема концентрација. Оваа технологија ја поддржува природната способност на женското тело да се прочистува и го инхибира растот на штетните бактерии. Во исто време, хигиенските влошки AiRiZ не содржат хемикалии или лекови, па оттука не предизвикуваат иритации. Благодарение на овие уникатни придобивки и безбедноста при нивната употреба, производот може да се употребува секојдневно за да се обезбеди соодветна лична и интимна хигиена. Овие влошки исто така се особено препорачливи и за лица кои се борат со болести на уринарниот тракт или инконтиненција.
Негативно наелектризираните јони (анјони) се честички присутни во воздухот. Имаат способност да ги неутрализираат бактериите, габите и штетните материи. Во денешно време пропорциите позитивни и негативни јони се нарушени посебно во урбаните средини. Таквата состојба негативно влијае на човековото расположение и благосостојба.
Анјоните во хигиенските влошки се се ослободуваат под влијание на влагата. Ова го зголемува производството на кислород во епидермисот во контакт со површината на влошката. На овој начин ефикасно се елиминираат бактериите и непријатните мириси. Патентираниот јонски фластер AiRiZ емитува до 6,100 негативни јони/cm3. Ова е најголема концентрација на негативни јони концентрирани во хигиенски влошки кои се нудат на пазарот. Истражувањата покажаа дека ако концентрацијата на анјони во околината е поголема од 5,000/cm3, човечкото тело покажува зголемена способност да се бори против воспалението и бактериите и исто така подобро го регулира крвниот притисок.
Активниот кислород се користи и во патентираната Double Patch. Неговото присуство во хигиенската влошка значително ја зголемува нејзината пропустливост за воздух и нивото на размена на кислород. На тој начин се спречува растот на бактериите.
За максимална заштита, хигиенските влошки AiRiZ имаат осум слоеви. Првиот кој има директен допир со кожата е тенок слој од свила и мек памук кој обезбедува брза апсорпција на течноста. Благодарение на ова, хигиенските влошки на Тиенс апсорбираат течности три пати побрзо од другите влошки на пазарот. Вториот слој содржи активен кислород и негативни јони. Третиот слој е супер апсорбирачки и ја задржува влагата, спречувајќи странични истекувања. Останатите слоеви се како како што следува: слој 4-пропустлив за воздух, слој 5-слој кој се состои од макромолекули со својства на висока апсорпција и задржување на влагата, слој 6-пропустлив за воздух, слој 7-непропустлив за влага но сепак овозможува “дишење”, слој 8-лента-лепак нанесена низ должината на влошката обезбедувајќи стабилност во однос на долната облека. Специфичните својства на хигиенските влошки кои содржат активен кислород и негативни јони овозможуваат проток на воздух, истовремено обезбедувајќи чувство на сувост. Високо апсорбирачкиот горен слој обезбедува природно чувство на сувост и не предизвикува иритација. Многу апсорбирачкиот фластер ја задржува течноста и спречува протекување. Употребата на фластер што содржи активен кислород и негативни јони го инхибира растот на бактерии, има антиинфламаторни својства и спречува непријатни миризби.